Планетариум

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Planetarium | Бр. на страни: 192 | Димензии: 135х200 | Корица: /

Да се претстави накратко „Планетариум“ на Натали Сарот значи горе-долу да се извлече и сета фабула што растечените свести и перспективи на неколкуте тангентно перцептибилни ликови во делото повремено ја одразуваат: неостварениот писател Ален и неговата сопруга  живеат во беден стан кој, по еден краток наплив на дарежливост на неговата тетка Берта, може да се случи да биде заменет со нејзиниот грандиозен апартман. Понудата е повлечена, протагонистите се вџашени и, стежнати под оковите на Саротовиот радикален модернизам, нурнуваат во понорот на сопствените неостварени сништа и пропаднати надежи. Токму и заради тоа светот на ликовите од „Планетариум“ е свет на ресентиманот, или повеќе космос од паралелни светови кои се вкрстуваат само преку нивната заемна злоба, малите неправди, малите одмазди и заемни дискредитирања. Во нив нема љубов, нема разбирање, нема комуникација.

Една од централните фигури на nouveau roman, Натали Сарот - адвокатка преобразена по средбите со Пруст и внатрешните монолози на Џојс и Вулф - стои на самиот почеток на една нова можност за европската книжевност, па не е воопшто чудно што нејзиното влијание во периодот меѓу шеесеттите години на ХХ век па сè до крајот на нејзиниот живот (1999) е постојано и значајно. Нејзиното непрестајно преиспитување на можностите и границите на жанрот на кој му припаѓаат нејзините најзнаменити остварувања е своевиден манифест на поствоениот книжевен XX век, едно од оние искрени љубовни писма до вечната уметност што е присилена коренито да се промени.

Цена: 200 ден

30 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Планетариум

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-717-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Планетариум”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in