Чекајќи го ветрот

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Vänta på vind | Бр. на страни: 220 | Димензии: 195x125 | Корица: мека

Винга сонува за морето. Таа ќе биде морнар кога ќе порасне, ќе плови до далечни пристаништа и можеби ќе спаси морнари од бродолом. Дома во градот, мама е тажна, а тато си заминува засекогаш. Но, конечно, лето е и таа го поминува со дедото на островот и сè друго е далечно. Дедото ѝ подарува на Винга старо бротче што таа ќе го направи пловно. На островот сè е како и обично, но истовремено и не навистина. Топлината вибрира преку ден и наеднаш се појавува девојка со црна капа додека Винга работи на своето бротче. Нејзиното име е Рут. Се чини дека единственото нешто што им е заедничко е нивната возраст и тоа што се на островот. Но, се покажува дека има многу повеќе. „Чекајќи го ветрот“ е длабока приказна за едно необично лето кога детството завршува. Со многу емпатија и љубов, Оскар Крун пишува за тоа како Винга учи да го одржи својот курс за време на бурата од збогувања, новооткриеното пријателство и насуканиот кит.

Цена: 350 ден

1 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Чекајќи го ветрот

Категорија:
ИСБН: 978-608-4869-58-0

Questions and Answers

You are not logged in