Ада или жар
Автор:
Владимир НАБОКОВ
Издавач:
Артконект |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Ada or Ardor / Vladimir Nabokov |
Бр. на страни:
680 |
Димензии:
14×20 cm
|
Корица:
/
„Ада или жар“ е книжевна провокација што ги доведува во прашање темелите на романот како жанр, но и границите на самата книжевност. Пишуван и преработуван цели десет години, романот е врв на зрелото творештво на Владимир Набоков – започнува како класична семејна сага во манирот на Толстој, но брзо се трансформира во стилски експеримент во кој се преплетуваат љубовни мотиви, митски алузии, фантастични елементи, филозофски есеи за суштината на времето… Во таа смисла, ова несомнено е најсложениот текст на Набоков, и тоа во „конкуренција“ на „Блед оган“, „Пнин“, „Погледни ги арлекините“, па дури и „Лолита“. Всушност, зборувајќи метафорично, „Ада“ е постарата, лукава книжевна сестра на „Лолита“, грандиозно ремек-дело на еден од најголемите автори на XX век.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.