Американски авангардни поети

Publisher: Магор | Language: Македонски | Year: 2015
Original title: Американски авангардни поети | Num. of pages: 187 | Dimensions: 20 | Cover: /

Иако поетската авангарда во САД не може да се потпре само на тројца автори, сепак овој избор приопштува тројца од нив кои, иако безмалку живеат во исто време, успеале да се наметнат во децениите по Втората светска војна како исклучително оригинални, необични и влијателни автори. Нивното дело го носи белегот и диши во ритамот на промената што најпрвин срамежливо, а потоа како незапирлив бран се раширува од атлантскиот кон пацифичкиот брег на Америка и обратно, раздвижувајќи го хомогениот, стерилен, обезличен и малодушен простор меѓу нив и посадувајќи го семето на бунтот, индивидуалноста, разликата и многугласието во  американската култура. Нивниот маргинализиран, но бунтовен, очаен, ироничен глас, нивниот налудничав виј создаден во мрачните, споредни сокаци од мегалополисите на американската „андерграунд“ сцена денес, на почетокот на XXI век, не само што сѐ уште се слуша туку и понатаму е жив и влијателен.

Price: 315 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Магор

Report an abuse for product Американски авангардни поети

Category:
SKU: 978-608-223-437-3

Questions and Answers

You are not logged in