Авантурите на Артур Гордон Пим * Филозофија на композицијата

Original title: / | Num. of pages: 193 | Dimensions: 20 | Cover: /

/Единствениот роман на По е, исто така, напишан со свест за читателските вкусови на времето, но и со потреба да се изневери популарниот жанр наречен морски авантури. Во Авантурите на Артур Гордон Пим (1938), По ја искористува познатата жанровска структура, но со цел да раскаже филозофска приказна за човековиот стремеж кон откривање подлабока реалност отаде познатото и минливото. Да се присетиме на еден навидум тривијален детаљ. Постојат различни сведоштва за тоа кои биле претсмртните зборови на По. Според едно од нив, тој извикувал: „Боже, спаси ја мојата душа“! Според друго сведоштво, пак, последниот збор што го извикал бил: „Рејнолдс“! Последново навело многумина да шпекулираат дека и во претсмртниот час По сонувал за Џерамаја Н. Рејнолдс, авантуристот што во име на владата на САД го истражувал Јужниот Пол, а за чии извештаи По напишал рецензија. Сепак, Авантурите на Артур Гордон Пим не се романсирана биографија за Рејнолдсовиот потфат, иако првите одгласи по објавувањето на романот ќе бидат поделени токму по прашањето до која мера е веродостојна приказната. Таа, пак, почнува реалистично, како засведочен расказ на меланхоличниот шеснаесетгодишник Артур Гордон Пим, кој со помош на неговиот две години постар пријател Август, а носен од копнеж по дива авантура и од живата фантазија за стравотиите на морнарскиот живот, одлучува да си ја проба среќата на еден едреник. Меѓутоа, таа вообичаена приказна постапно акумулира фантастични елементи за да заврши со мистично откровение среде апсолутната белина на самиот Јужен Пол.

Влијателната „Филозофија на композиција“ (1846) е напишана како обид да се објасни настанувањето на песната „Гавранот“. Потврда дека таа не е  резултат на занес, случајност или интуиција, туку на  прецизна, тукуречи математичка насоченост кон посакуваниот ефект.

Price: 315 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Авантурите на Артур Гордон Пим * Филозофија на композицијата

Category:
SKU: 978-608-4721-10-9

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Авантурите на Артур Гордон Пим * Филозофија на композицијата”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in