Добриот Терорист
Author:
Дорис Лесинг
Publisher:
Конгресен Сервисен Центар |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
The good terrorist |
Num. of pages:
355 |
Dimensions:
20
|
Cover:
мека
/ „Добриот терорист“, објавен во 1985 година, е навраќање на старата тема на Лесинг за политичкото ангажирање и за активизмот во многубројни општествени каузи и движења за општото добро, кои неминовно го содржат конфликтот на индивидуалната совест со колективното добро. Идејата да го напише романот се родила по бомбардирањето на луксузната стоковна куќа „Херодс“ во Лондон во декември 1983 година, еден од многуте терористички напади во раните осумдесетти, во текот на владеењето на Маргарет Тачер. Интересно е што Дорис Лесинг не смета дека напишала роман со политичка заднина или порака, туку роман кој отсликува еден општествен слој или подобро речено, еден општествен феномен во осумдесеттите во Англија: групи млади и не толку млади луѓе со нејасни агенди и со хибридни надживеани политички идеологии, без постојана адреса и вработување, се бунтуваат и протестираат против владата, а живеат на социјалната помош што таа им ја доделува.
Questions and Answers
You are not logged in