Фантазмавизија – Скици од Тони Анастасовски

Publisher: Стрип Квадрат | Language: Македонски | Year: 2021
Original title: Фантазмавизија - Скици од Тони Анастасовски | Num. of pages: 216 | Dimensions: 30 | Cover: мека

Книгата ФАНТАЗМАВИЗИЈА на Тони Анастасовски има чудесна особина да отвора видик кон некои нови и возбудливи светови - отсонувани светови создадени од материјата на сонот и од граѓата на мечтите. Светови содадени со дејствувањето на раката на уметникот (моторна активност) зад која останува линијата. Од линијата и од нејзиното вознемирено движење (израз и динамика на линијата) тој создава замислени предели (имагинарна топографија). Тој е цртач кој со линијата го исцртува и опкружува она што е сè уште нејасно и непознато, во зачетокот од неговото појавување, со зафат што создава можност за постоење на оние насетени архетипски и митски фигури и формации на несвесното кои така стануваат видливи.

ФАНТАЗМАВИЗИЈА е книга за создавањето на еден имагинарен свет кој има конзистентност и постои како фатаморгана паралелно со нашиот познат свет во даден простор и време. Воедно, тоа е книга за љубовта кон цртањето.

Книгата го поттикнува и ликовниот аматеризам во најдоброто значење на зборот како љубов и посветеност кон уметноста.

Впрочем Тони Анастасовски е еден од најголемите ентузијасти во ликовната уметност кај нас и е пример за пожртвуваност, доследност и истрајност во остварувањето на својата визија. Да се посвети цел живот на уметноста и да се обликува сопствената визија во книга како што е ФАНТАЗМАВИЗИЈА е значаен потфат.

Станува збор и за значаен јубилеј на авторот. Триесет и пет години цртање е долг период на самопрегорно вложување на себе во уметноста и треба да се одбележи. Особено имајќи го предвид специфичното авторско разбирање на уметноста и на задачата на уметникот кое го има Тони Анастасовски.

Price: 1500 ден

10 in stock

Compare
Sold By Стрип Квадрат

Report an abuse for product Фантазмавизија – Скици од Тони Анастасовски

Categories: , , ,
SKU: 978-608-4719-23-6

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Фантазмавизија – Скици од Тони Анастасовски”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in