ФЕРХАД И ШИРИН
Author:
НАЗИМ ХИКМЕТ
Publisher:
БАТА ПРЕСС |
Language:
Македонски |
Year:
2011
Original title:
FERHAD ILE SIRIN |
Num. of pages:
92 |
Dimensions:
20 x 14
|
Cover:
/
Драмското дело „Ферхад и Ширин“ е обработка на познатата, стара турска приказна за несреќната љубов меѓу двајца заљубени која води потекло од една уште постара иранска легенда, инаку распространета во разни варијанти во средна Азија. Во Турција легендата се поврзува со градот Амасја во Анадолија, градот во чија близина, според преданието, се наоѓа и карпата што ја длаби Ферхад за да ја заслужи саканата Ширин. И додека во народната верзија која завршува во стилот на Ромео и Јулија каде и двајцата заљубени се самоубиваат и се погребани во ист гроб, Назим Хикмет со еден друг приод го поврзува идеалот на вечната љубов со еден друг општествен идеал на снабдување на градот со изворската вода, одмерувајќи ја на тој начин важноста на едниот наспроти другиот.
Претставата „Ферхад и Ширин“ била изведувана од страна на Државните театри и Анкарскиот уметнички театар во Турција, а во 2000 година беше поставена на сцената на Драмскиот театар во Скопје во режија на турскиот режисер Јуџел Ертен.
Reviews
There are no reviews yet.