Камено дрво

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Steintré / Gyrðir Elíasson | Бр. на страни: 118 | Димензии: 140х200 | Корица: /

„Камено дрво“ е збирка раскази за кои исландскиот писател Гирдир Елијасон во 2011 година ја освои Книжевната награда на Нордискиот совет, една од најистакнатите книжевни награди во Европа. Расказите на Елијасон нè вадат од нас самите – секој од нив е студија за самопрогон. Многу од протагонистите во овие раскази се раселени поединци. Како писателот од Мелвил или сликарот на птици од Бостон. Дури и родените Исланѓани се далеку од дома, во непознат дел од нивната сопствена земја. Но и во случајот на оние кои се дома, како оној со младото момче чиј татко нарачува да му се донесе пијано дома за да може неговиот син да почне со часови, своето опкружување не го чувствуваат како домашно. Исто така следиме и ученик кој заминува за најсеверниот град Сиглуфјордур за да се натпреварува на шаховски турнир; еден сопруг ја пакува жена си да замине во посета на тетка и` во Шведска. Но дури и во најпусто опкружување, ликовите на Елијасон наоѓаат чудно друштво: сенишни присуства во раните часови, завидливи соседи, колеги писатели кои се појавуваат во истите далечни места со значително слични амбиции.

Оваа прекрасна збирка раскази ги стопува желбите и напорите на своите бројни протагонисти, речиси сите со намера да си заминат од своите нормални животи за да си ги следат посериозно соништата. Сликите на Елијасон се секогаш неразрешени, но се исто така и некако целосни; како и соништата што ги споделува со нас, што нè водат низ нивната сопствена осама, во онаа на другите луѓе. Онака како што пишува Елијасон, сите соништа се поврзани по рабовите, како квадратрчињата во пачворк прекривка.

Цена: 400 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Камено дрво

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-223-647-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Камено дрво”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in