Наука за стекнување богатство
Author:
Валас Вотлс
Publisher:
ИКОНА |
Language:
Македонски |
Year:
2019
Original title:
Наука за стекнување богатство |
Num. of pages:
98 |
Dimensions:
13х20 cm
|
Cover:
мека
Постои наука за стекнување богатство и тaа е егзактна наука, како алгебрата или аритметиката. Постојат одредени закони што управуваат со процесот на стекнување богатство – штом човек ги научи и почитува овие закони, тој ќе се збогати со математичка сигурност.
Успехот во животот е да станеш оној кој сакаш да бидеш; можете да го постигнете тоа само со употреба на ствари, а може слободно да користите ствари единствено доколку станете доволно богати за да ги купите. Затоа, да се разбере науката за стекнување богатство е најважното од сите знаења.
Каде и да има неизразена можност или неизвршена функција, постои незадоволна желба. Желбата е можност што бара да се изрази или функција која бара да биде извршена.
Постои материја што мисли од која се сочинети сите нешта и која, во својата првобитна состојба, проникнува, продира и ги исполнува меѓупросторите на универзумот.
Мислата во оваа материја го создава нештото што е прикажано од мислата.
Човекот може да формира нешта во неговата мисла и втиснувајќи ја таа мисла во материјата без форма може да предизвика создавање на нештото за кое размислува
Reviews
There are no reviews yet.