Патот на љубовта
Автор:
Ентони де Мело
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
The way to love |
Бр. на страни:
134 |
Димензии:
20 см
|
Корица:
мека
Љубовта може да постои само во слобода. Оној кој вистински сака, се грижи за доброто на другиот овозможувајќи му да биде слободен и свој. Можете да најдете човек што ќе ве подучи во механиката, математиката или во некој странски јазик, што ќе ве научи да возите велосипед или да работите на компјутер. Но никој не може да ве научи на работите што се навистина важни – животот, љубовта, вистината, бог. Патот на љубовта е последниот процут на мислата на духовниот учител Ентони де Мело. Основната тема на оваа книга е љубовта и пречките што стојат на патот за нејзино достигнување: нашите врски, желби, илузии, зависности, предрасуди. Низ своите медитации Де Мело нè поучува како да се ослободиме од оваа условеност за да можеме конечно да прогледаме, да сакаме и слободно да живееме. Зашто само срцето ослободено од сите условености и лични интереси – срцето кое нема што да штити и по што да копнее – може да ја согледа вистината. Овие медитации треба да се вкусат и да се споделат. Мала по обем но голема според своето значење и практичната вредност за будење на умот, ова е книга што се чува блиску до срцето.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.