Професорот Зоо и неговите пријатели

Publisher: Стрип Квадрат | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: Les Amis du Professeur Zoo | Num. of pages: 24 | Dimensions: 30 | Cover: мека

Сликовницата за деца “Професорот Зоо и неговите пријатели” од авторот Смиле Цветановски, е еден поучен наратив во кој децата ќе се сретнат со различни интересни и егзотични животни и тоа преку текст и цртеж, и тоа на два јазика, македонски и француски. Професорот Зоо патува низ различни предели на светот и ги запознава читателите со животните преку соодветните стереотипи за нив, па така на пример пандата јаде трска од бамбус, фоката жонглира со топка во циркус, папагалот Ара зборува, бувот ноќе е буден, пингвинот гази по снег и сака во вода, верверичката собира лешници во есен...

Навидум познати работи, и познати животни, но, авторот на еден суптилен начин на секој оној што ќе ја прочита сликовницата му врежува во меморијата едно знаење кое засекогаш ќе му остане во сеќавање, било како слика, било како вистина.

Преводот на сликовницата е направен од лекторката и долгогодишна професорка на катедрата за француски јазик и книжевност, Жана Ангеловска.

Price: 200 ден

9 in stock

Compare
Sold By Стрип Квадрат

Report an abuse for product Професорот Зоо и неговите пријатели

Category:
SKU: 978-608-4719-16-8

Questions and Answers

You are not logged in