Производно инженерство и технологија
Една од најдобро продаваните книги во ова област, наменета за студентите на степен и дипломски студии што се на насоките производно машинство и индустриски менаџмент, може да им послужи и на професионалците како дополнување за нивните претходно стекнати знаења.
Сероп Калпакџијан е почесен професор за машински материјали и за производно инженерство при Технолошкиот институт во Чикаго, Илиноис. Овој институт му ја има доделено наградата „Личност на милениумот“ во 1999 година.
Стивен Р. Шмид е доцент на Катедрата за воздухопловно инженерство при Универзитетот „Нотр Дам“. Автор е на повеќе од 80 технички трудови и коавтор на неколку стручни книги.
Авторите со оваа книга ја постигнаа поставената цел, создавање сеопфатен и модерен текст што ќе претставува дополнителна мотивација за секој читател. Разработени се теми што ги покриваат актуелните светски практики во третирањето на врските меѓу техничките и економските фактори што имаат влијание врз еден производствен процес. Содржината е поделена на девет главни дела со по неколку поглавја: вовед во материјалите (однесување и производни особини), процеси и опрема за леење, процеси и опрема за оформување, машинска обработка и алати, изработка на микроелектронски уреди и микропроизводство, постапки и опрема за спојување, технологија за површини, општи погледи на производството и производство во конкурентна средина.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
3 reviews for Производно инженерство и технологија
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Ивана Јовановска (verified owner) –