Производно инженерство и технологија

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: Manufacturing, Engineering & Technology | Бр. на страни: 1322 | Димензии: 208x260 | Корица: /

Една од најдобро продаваните книги во ова област, наменета за студентите на степен и дипломски студии што се на насоките производно машинство и индустриски менаџмент, може да им послужи и на професионалците како дополнување за нивните претходно стекнати знаења.
Сероп Калпакџијан
е почесен професор за машински материјали и за производно инженерство при Технолошкиот институт во Чикаго, Илиноис. Овој институт му ја има доделено наградата „Личност на милениумот“ во 1999 година.
Стивен Р. Шмид
е доцент на Катедрата за воздухопловно инженерство при Универзитетот „Нотр Дам“. Автор е на повеќе од 80 технички трудови и коавтор на неколку стручни книги.
Авторите со оваа книга ја постигнаа поставената цел, создавање сеопфатен и модерен текст што ќе претставува дополнителна мотивација за секој читател. Разработени се теми што ги покриваат актуелните светски практики во третирањето на врските меѓу техничките и економските фактори што имаат влијание врз еден производствен процес. Содржината е поделена на девет главни дела со по неколку поглавја: вовед во материјалите (однесување и производни особини), процеси и опрема за леење, процеси и опрема за оформување, машинска обработка и алати, изработка на микроелектронски уреди и микропроизводство, постапки и опрема за спојување, технологија за површини, општи погледи на производството и производство во конкурентна средина.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(3 оценки на корисници)

Цена: 4450 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Производно инженерство и технологија

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-21-8

3 оценки за Производно инженерство и технологија

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  3. Rated 5 out of 5

    Ивана Јовановска (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in