Русија на Путин: записи од опачнита на светот
Author:
Борис Камчев
Publisher:
Темплум |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
Русија на Путин : записи од опачината на светот |
Num. of pages:
229 |
Dimensions:
19
|
Cover:
мека
Кремљ одамна ги напушти идеалите за демократска и либерална Русија што се возродија од перестројката па наваму. Социјалната и политичката стварност на земјата беше и останува комплексна, и Русија, како еден од главните геополитички играчи во светот, сеуште е енигма за нас. Дали земјата цивилизациски и културно е европска или е азиска? До кога Русија ќе се смета за најекстремниот европски Исток? Колку Петербург е руско културно средиште, а колку е централноазиски град? Зошто Москва ги повампири сталинизмот и тоталитаризмот во огромната земја, и зошто инсталира милитаристички режим во Чеченија? Кој бил македонскиот елемент во организацијата на црвениот терор? Кои се владетелите на Русија и на нејзините неисцрпни природни богатства?
Овие и уште многу други прашања авторот ги допира со жар на журналистички проследувач на состојбите; со остро перо на патник по дваесетвековната пустелија на руската провинција и со тротоарски љубопитно известување од супер модерните центри на Санкт Петербург и Москва. Кремљ одамна ги напушти идеалите за демократска и либерална Русија што се возродија од перестројката па наваму. Социјалната и политичката стварност на земјата беше и останува комплексна, и Русија, како еден од главните геополитички играчи во светот, сеуште е енигма за нас. Дали земјата цивилизациски и културно е европска или е азиска? До кога Русија ќе се смета за најекстремниот европски Исток? Колку Петербург е руско културно средиште, а колку е централноазиски град? Зошто Москва ги повампири сталинизмот и тоталитаризмот во огромната земја, и зошто инсталира милитаристички режим во Чеченија? Кој бил македонскиот елемент во организацијата на црвениот терор? Кои се владетелите на Русија и на нејзините неисцрпни природни богатства? Овие и уште многу други прашања авторот ги допира со жар на журналистички проследувач на состојбите; со остро перо на патник по дваесетвековната пустелија на руската провинција и со тротоарски љубопитно известување од супер модерните центри на Санкт Петербург и Москва.
Борис Камчев е новинар ипублицист кој пишува за повеќедомашни и странски изданија. Во последните години тој живее и патува на релацијата Скопје-Санкт Петербург- Вашингтон. Има дипломирано на Филозофскиот факултет во Скопје и специјализирано на школата за новинарство на универзитетот Мисури, Колумбија во 2010. Во моментов работи како постојан соработник во американската издавачка куќа LNG Publishing Co. Во македонската јавност е познат по своите новинарски статии и колумни објавувани во неделниците Форум и Капитал, и во весниците Нова Македонија и Дневник. Како прв постојан македонски дописник од Русија, неговото творештво е посветено на теми поврзани со руската социјална и политичка стварност.
Со сѐ поизразената улога на Москва во регионот, како на економски така и на политички план, очигледно е дека Македонија се подели на русофили и русофоби и во јавноста сѐ почесто се дискутира дали е добро или лошо прифаќањето на руското влијание во земјата. Во книгава авторот дава еден свој независен поглед на состојбите во Русија, земја со сложено поблиско и подалечно минато и со уште посложена сегашност, што еволуираа една монолитна власт со изразено авторитарни тенденции.
Reviews
There are no reviews yet.