Сè што даваме
Author:
Кери Лонсдејл
Publisher:
Арс ЛИБРИС |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
Everything we give |
Num. of pages:
296 |
Dimensions:
20
|
Cover:
/
Преполн тензија, мистерија и романса, последниот роман од трилогијата на Кери Лонсдејл, „Сè што даваме“, носи моќна завршница на возбудливиот серијал за љубовта, лагите и тајните што ги чуваат семејствата. Наградуваниот фотограф Ијан Колинс прави само една грешка во животот, што ја чини слобода неговата мајка и уништено семејство, оставајќи го сам да се грижи за себе. Со години тој е разделен од татко му, а на мајка му ù се губи секаква трага. Сè додека тој сам не тргне во потрага по неа. Денес, се чини Ијан има сè што отсекогаш посакувал – национална слава како фотограф, својата сакана сопруга Ејми и нивната обожавана ќерка Кети. А сепак, како да му недостигаат само две нешта: да се појави во „Нешнел џиографик“ и да ја пронајде мајка му. Кога познатото списание му понудува проект од неговите соништа, во истиот ден се појавува поранешниот свршеник на Ејми – Џејмс, кој му пренесува важна порака и остава белег на неговиот брак. Ијан мора да направи избор: да ја зграпчи посакуваната работна задача или да се поврзе со мистериозната жена која можеби го има клучот од разрешницата на неговото неспокојно минато. Но, влоговите се преголеми, затоа што Ијан може да го загуби она што му е највредно: неговото семејство.
Reviews
There are no reviews yet.