Сè што оставаме
Author:
Кери Лонсдејл
Publisher:
Арс ЛИБРИС |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
Everything we left behind |
Num. of pages:
296 |
Dimensions:
21
|
Cover:
мека
„Сè што оставаме“ е продолжение на романот „Сè што чуваме“ и втора книга од трилогијата на најдобро продаваната авторка на „Вол Стрит џурнал“, Кери Лонсдејл. Два месеца пред неговата венчавка, финансискиот раководител Џејмс Донато го следи неговиот брат Фил кој е вмешан во матни зделки, во Мексико, каде што исчезнува во морето и го прогласуваат за мртов. Шест и пол години подоцна, тој се буди од состојба на дисоцијативна фуга во Оаксака, каде што живее како Карлос Домингез, вдовец и татко на два сина, со неговата балдаза Наталија Хејес, некогашна професионална сурферка, која му помага да се одржи во живот. Но, неговата свршеничка и најголема љубов, Ејми Тирни, продолжува со својот живот. Таа е омажена и има дете. Разочаран од сознанието, Џејмс и неговите синови се враќаат во Калифорнија. Но, Фил наскоро ќе излезе од затвор и ќе го побара Џејмс, кој посведочил нешто во Мексико што би можело повторно да го врати Фил зад решетки. Под сè поголем притисок на семејството, Џејмс заедно со синовите патува во Куаи, барајќи засолниште кај Наталија. Како што Џејмс почнува да ја открива мистеријата зад неговиот идентитет, опасноста се чини постојано блиску, а Наталија можеби е единствената личност на која може да ù верува. Раскажан низ двојна перспектива на еден човек, „Сè што оставаме“ е мешавина од неизвесност, мистерија и романса при разоткривањето на загубата, издржливоста и силната потреба по секоја цена да ги заштитиме оние кои ги сакаме.
Reviews
There are no reviews yet.