Тивко рушење

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2021
Original title: Ивица Пртењача | Num. of pages: 134 | Dimensions: 21 | Cover: /

Романот „Тивко рушење“ претставува тематско и мотивско продолжение на неговиот награден роман „Брдо“. Во „Тивко рушење“ авторот повторно се качува на „брдо“, но овојпат тоа се наоѓа во еден трошен стан во една загрепска улица. Главниот јунак, молер со диплома професор по литература, со својот помошник треба да ги истружат ѕидовите на еден стан и повторно да ги обојат. Се чини дека тоа е работа по негова мерка, зашто е прилично осамена рутинска работа, далеку од луѓето, во осаменост, токму како што сака тој. Но човекот што ги ангажирал и неговата животна приказна ќе ги променат животите на сите ликови во романот. „Тивко рушење“ може да се смета како трета книга од своевидната трилогија романи во која се и „Добро е, убаво е“ и „Брдо“. Во сите три дела основниот тематски мотив е осаменоста, а главниот лик е антијунак. Овој роман е покомплексен од претходните и е напишан со чист поетски јазик, со стилски прецизни реченици, преполн со необични метафори. „Тивко рушење“ е напишан како контрапункт на Брдо.

Price: 150 ден

9 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Тивко рушење

Category:
SKU: 978-608-252-148-0

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Тивко рушење”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in