Различни светови

Издавач: Стрип Квадрат | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Различни светови | Бр. на страни: 74 | Димензии: 26 | Корица: мека

Дали сте слушнале за изреката: “Тие се два тотално различни светови!” Свесно или несвесно, во секое општество, во секој дом, во секоја држава, земја, континент, отсекогаш постојат или постоеле барем две меѓусебно спротивставени сили, светови, заедници, религии, општества, кои живеат едни покрај други, свесни или несвесни за тоа, спротивставени, различни, а всушност толку блиски меѓу себе.

РАЗЛИЧНИ СВЕТОВИ е стрип антологија составена од повеќе кратки стрипови во колор, од стрип авторот Никола Темков, работени во различни периоди од творештвото на авторот, кои обработуваат доста различни мотиви. Од Александар Македонски, Крале Марко, Крстоносните војни, од магичните светови на Толкин, до суровата реалност на денешницата, од приказните се редат една после друга, без некој хронолошки редослед, но со една заедничка црта: во секоја од нив постојат два различни света кои во еден момент се среќаваат и меѓу нив доаѓа до конфликт. Решението за конфликтот е во секоја стрип приказна различно решен, но одговара на многу прашања, од кои најважното е она кое можеби и ние самите секојдневно си го поставуваме: дали да се спротивставиме, или да се приближиме со другата спротивставена страна?

Цена: 300 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Стрип Квадрат

Report an abuse for product Различни светови

Категорија:
ИСБН: 987-608-4719-03-8

Questions and Answers

You are not logged in