Општи услови


Општи услови

Добре дојдовте на kupikniga.mk. Со вашиот пристап во е-продавницата, се согласувате со општите одредби објавени подолу. Ве молиме прочитајте ги внимателно. kupikniga.mk претставува онлајн агрегатор на издавачките куќи од Македонија и светот. kupikniga.mk е е-продавницата каде ќе можете да купувате и да разменувате мислења и искуства во врска со вашите омилени книги. iVote Скопје е единствен сопственик на kupikniga.mk


Заштита на лични податоци

Заштитата на вашите лични податоци подетално е опишана во делот Заштита на лични податоци 
Повеќе информации за тоа каков тип на лични податоци се собираат и обработуваат, нивното чување, целите на собирање, Вашите права за личните податоци и останати информации можете да видите во нашата Политика за Заштита на лични податоци на линкот ТУКА.
Личните податоци доброволно поднесени од нашите посетители при правење на нарачка: име, презиме, адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се достави направената нарачка до крајниот корисник. Овие информации се користат единствено за цел исполнување на нарачките, освен доколку не ни обезбедите дозвола да ги користиме за друга цел, на пример да Ве додадеме на нашата мејлинг листа
Личните податоци кои ги оставате од Вашите пријатели при нарачување производи кои сакате да им ги доставите како подарок, се употребуваат исклучиво со цел да се достави нарачката до крајниот примател. При тоа, личните податоци на нарачателот се заштитени и не ги издаваме на трети лица без негова претходна согласност за тоа.
Личните податоци кои ги оставате при регистрација на нашата веб страница име, презиме, адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да Ви се овозможи електронско нарачување на Вашите омилени производи, како и добивање на промотивни материјали – билтен на вашата е-адреса каде што ќе бидете информирани за нашите акции и промоции. Во секое време може да ја деактивирате оваа можност со делот „Мојот профил“ – „Детали за профилот“ – „Билтен“.
Личните податоци поднесени во нашата контакт форма: име, презиме и е-адреса со цел да комуницирате со нас за одредено прашање, се користат за да Ви одговориме на Вашите прашања/барања/коментари и со тоа да го подобриме корисничкото искуство на посетителите на нашата веб страница.
Личните податоци: име, презиме и е-адреса, доброволно дадени при аплицирање за книга-подарок и пишување коментари на производите се користат за намената за која се дадени, т.с за да се избере по случаен избор добитник на книга-подарок и да се објави коментарот доколку не содржи навредлива и несоодветна содржина.
Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат.
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
Вашите права во однос на обработката на лични податоци вклучуваат:
• право да бидете информирани за обработката на личните податоци
• право на пристап до личните податоци
• право на исправка и бришење на личните податоци
• право на ограничување на обработката на личните податоци
• право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да ја посетите нашата политика за Заштита на лични податоци – секција „Кои се Вашите права врз личните податоци“ или можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Елена Темелковска, е-пошта: elena.temelkovska@ivote.mk, +389 76 397837 и Ана Марија Петровска, е-пошта: anamarija.petrovska@ivote.mk, +389 2 3204404.

Електронска комуникација

Со вашата посета на kupikniga.mk или со испраќање на е-порака, воспоставувате електронска комуникација со нас. Од наша страна може да добиете повратен одговор преку е-порака и/или известувањата ќе бидат прикажани на веб сајтот. Преносот на податоците се врши на серверот на kupikniga.mk. Со регистрацијата добивате можност за известувања за промоции, попусти, акции и нови производи. Доколку не сакате да ги добивате овие информативни билтени, ве молиме да не известите.
Регистрираните членови на kupikniga.mk се согласуваат да добиваат информативни и промотивни билтени, во кои меѓу другото ќе бидат застапени и содржини поврзани со понудите од нашите партнери.

Вашето корисничко име и лозинка

Со најавување на нашиот систем, kupikniga.mk, одговорни сте за одржување на приватноста на вашето корисничко име и лозинка, како и за ограничен влез во вашиот компјутер и се согласувате да ја преземете одговорноста за сите активности кои ќе се одвиваат со вашето корисничко име. Mалолетни лица под 18 годишна возраст немаат право на услугите без надзор од родител, односно доколку имате под 18 години, можете да ги користите услугите на kupikniga.mk единствено со придружба на родител или старател, кој ќе одговара за плаќањето со неговата/нејзината дебитна или кредитна картичка.

 

Употреба на лични податоци

Примарна цел при прибирање на личните информации е да ви обезбедиме сигурно, лесно и ефикасно искуство. Согласни сте дека можеме да ги користиме вашите лични податоци за:

  • Да ви ги овозможиме услугите и поддршката кои ќе ги побарате;
  • Решавање на спорови или решавање на проблеми;
  • Оневозможување на евентуални забранети или илегални активности;
  • Прилагодување, мерење и подобрување на нашите услуги и содржина на веб сајтот;
  • Споредување на точноста на дадените информации со трети страни.

 

Коментари, прегледи и друга содржина

Посетителите можат да објавуваат искуства, забелешки за производите или да објават идеи, коментари, прашања или други информации се додека содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или може да повреди трети лица. Исто така, коментари со политичка содржина, масовни пораки, реклами и слично, категоризирано во „spam“ се забранети. kupikniga.mk ќе да ги отстрани сите пораки за кои смета дека се во горенаведените категории.

 

Опис на производот

Сите описи на понудените производи се објавени од страна на издавачите и kupikniga.mk не гарантира дека описите на производите се комплетни, точни или без грешки. Доколку производот понуден и добиен од kupikniga.mk не е во согласност со описот, Ваше право е да го вратите неоштетен и неупотребен.
 

Цени

Сите цени на сајтот се изразени во денари и не ги вклучуваат трошоците за пакување и дистрибуција. Трошоците за пакување и дистрибуција се прикажуваат во вашата кошничка пред потврдување на нарачката и извршување на плаќањето.

 

Авторски права

Сите содржини на овој веб портал, како текст, слики, лого, икони, дигитални преземања и софтвер се во сопственост на kupikniga.mk и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со закон.

 

Ограничување од одговорност

kupikniga.mk ги презема сите расположливи мерки да овозможи највисока сигурност и безбедност на веб сајтот. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и вие би биле засегнати. Вие се согласувате да го употребувате нашиот веб сајт на сопствен ризик.

kupikniga.mk не обезбедува гаранција или враќање на производи и/или парични средства за производи или услуги кои не се купени од нашиот веб сајт. kupikniga.mk (iVote ДОО СКОПЈЕ) не одговара за поседувањето на авторските права за книгите што се продаваат преку системот. kupikniga.mk е посредник во продажбата на книги. Издавачите и книжарниците се согласуваат со овие општи услови и потврдуваат дека ги имаат соодветните авторски права.

 

Законски одредби

Со посетата на kupikniga.mk се согласувате со овие општи одредби, политиките спомнати во овие општи одредби и со сите релевантни закони на Република Македонија.

 

Политики и измени

Ве молиме погледнете ги нашите политики, поставени на веб сајтот. Овие политики исто така нудат одредби кои се однесуваат на посетата на веб сајтот. kupikniga.mk го задржува правото да прави промени на веб сајтот, политиките и општите одредби во кое било време. Адреса: iVote ДОО, булевар Илинден 109-1/4, Скопје. www.ivote.mk

 

Содржина на коментар

Се препорачува коментарите на kupikniga.mk да бидат во согласност со содржината на сајтот. Препораки и правила за коментарите:

  • Најдобро е да се внесуваат коментари кои го изразуваат личното мислење на корисникот во однос на одредена книга кои се напишани на културен и разбирлив начин;
  • Се забранува навредливо критикување на личното мислење на друг корисник само затоа што не се совпаѓа со Вашето;
  • Може да се оцени книгата или да се цитира некоја мисла но не и да се раскажува истата со цел да се дозволи на останатите корисници сами да ја дознаат содржината од книгата која сакаат да ја нарачаат;
  • Не се дозволени коментари кои содржат навредливи содржини во однос на расна, етничка, партиска или религиозна припадност.

 

Електронска фактура

Со секоја успешно извршена нарачка и уплата од системот на kupikniga.mk по електронска пошта ќе добиете електронска фактура која има третман на валидна оригинална фактура. Во случај кога купувањето е извршено од правно лице кое има потреба од испечатена фактура (со печат и потпис), истата ќе може да ја добие во просториите на iVote ДОО СКОПЈЕ.

Претходно наведените правила се воведени за што поуспешна соработка и комуникација со нашите корисници како и добра интеракција меѓу корисниците.

 

Лојалноста се наградува

kupikniga.mk специјално за своите членови нуди можности за привилегирано членство. Со нашиот скалест систем на членство имате можност да станете најпрво „Бронзен“ член и да добиете попуст на сите нарачки во вредност од 3%. За да станете „Бронзен“ член потребно е Вашите нарачки да достигнат вредност од 1.000,00 денари.

 

Станете посебен член на kupikniga.mk!

  • За да станете „Сребрен член на kupikniga.mk потребно е Вашите нарачки да достигнат вредност од 6.000,00 денари. „Сребрените“ членовите на kupikniga.mk добиваат попуст од 5% на секоја нарачка.
  • За да станете „Златен член на kupikniga.mk потребно е Вашите нарачки да достигнат вредност од 14.000,00 денари. „Златните“ членовите на kupikniga.mk добиваат попуст од 7% на секоја нарачка.
  • За да станете „Килибар“ член на kupikniga.mk потребно е Вашите нарачки да достигнат вредност од 30.000,00 денари. „Килибар“ членовите на kupikniga.mk добиваат попуст од 10% на секоја нарачка.

*НАПОМЕНА: Овие попусти не се пресметуваат дополнително на производи кои се веќе на акциски попуст.