Мулату Астатке: Како се создава етио-џез

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Mulatu Astatke: The Making of Ethio Jazz | Бр. на страни: 144 | Димензии: 155х155 | Корица: /

Мулату Астатке е таткото на етио-џезот. Тој е еден од најзначајните синови на културата на Етиопија и воедно еден од најуспешните џез-музичари на светот. Астатке бил првиот музичар од Етиопија школуван во странство (Лондон, Њујорк и Бостон) и првиот африкански студент примен на престижниот музички колеџ „Беркли“, кој во 2012 година го наградува со почесната титула Доктор по музика. 

Како водач на неколку групи, тој свири вибрафон и конги - инструменти што ги пренел во етиопската популарна музика, заедно со други ударни инструменти, клавијатури и органа. Поширока слава меѓу западната публика доживува во 2005 година, кога се појавува како автор на седум композиции од саундтракот за филмот “Broken Flowers” на Џим Џармуш.

Книгата „Мулату Астатке: Како се создава етио-џез“ претставува осврт на животот и музиката на овој 70-годишен музички иноватор, композитор, аранжер, инструменталист, радиопрезентер, сопственик на клуб и семеен човек, кој и ден-денес живее и работи во Адис Абеба, со ист жар и со иста живост како и во неговата младост. Книгата е дел од проектот на Универзитетот на Етиопија, во соработка со Зома центарот за современа уметност. 

Цена: 200 ден

300 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Мулату Астатке: Како се создава етио-џез

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-707-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Мулату Астатке: Како се создава етио-џез”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in