Казна за гревот. Кн. 2, Книга на спомени
Автор:
Јелена Бачиќ Алимпиќ
Издавач:
Матица Mакедонска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Казна за гревот. Кн. 2, Книга на спомени |
Бр. на страни:
192 |
Димензии:
21
|
Корица:
/
Таа ги виде неговите очи, топли и сини како јасно летно небо, ги почувствува допирите за кои копнееше и сонуваше за нив сите овие празни,тешки години. Се виде и себеси, онаква каква што беше некогаш, босонога, во ноќна кошула, со бушава коса и румени девојачки образи. Можеше да ја почувствува меката, влажна трева под нозете. Јасно ја виде мајка си и осети како нежно и го бакнува челото, нејзините рацете додека и ја чешлаат долгата, замрсена коса и татко и кој загрижено ја прашува "Дали си среќна Ема?"
Како исклучително талентиран студент со најдобри оценки, Емилија по препорака од професорот Костиќ доаѓа на Универзитетот во Виена. Нејзиниот ментор е еден од водечките интелектуалци на научната елита на почетокот на триесеттите години на минатиот век. Франц Нојбауер во својата повеќе-децениска кариера конечно среќава студент вреден за восхит и одлучува Емилија да стане негов асистент. Младата жена која се качува високо на социјалната скала, го живее својот сон. Во исто време, на имотот на Ерцегови, во срцето на Војводинската рамнина, животот на нејзините сиромашни родители и семејството на грофовите го препливаат непредвидливи нишки на судбината. Кога нацистите ја преземаат власта во Виена, во годините на војна и сиромаштија, помеѓу Емилија и професорот Нојбауер се развива чуден и единствен однос помеѓу два силни карактери и брилијантни умови: повеќе од платонска љубов, а помалку од физичката страст.
Книга на спомените од Јелена Бачиќ Алимпиќ е вториот дел од трилогијата „Казна за гревот“, роман за сеќавањата на валцерите покрај Дунав, на дискусиите на виенските интелектуални кругови, патувањата покрај австриските пејзажи и искушенијата на минатото. Ода на животот кој пулсира и покрај Втората светска војна и сеќавања на љубов која годините не можат да ја избришат.
1 оценка за Казна за гревот. Кн. 2, Книга на спомени
Questions and Answers
You are not logged in
Zazaliha Ivotesk (верификуван корисник) –