Жртвата Поликсена
Група археолози доаѓаат до несекојдневно откритие: на наводни ахајски гробишта лежи женски скелет посипан со златни ливчиња, кој доктор Пола Мор, амбициозен археолог, го идентификува како посмртните останки на митската Поликсена, робинката на Ахил. Сепак, радоста поради феноменалното откритие не трае долго. Набргу антропологот Марио Ибл, соработникот на Пола, циник и пијаница – наидува на друго тело... на колешката од археолошката екипа. На целата ситуација грозоморност ѝ додава фактот дека жената има пресечено грло, а нејзиното тело грижливо било поставено на архаичен олтар. Научниците се во недоумица: дали е можно некој да принел човечка жртва, имитирајќи стар ритуал? Како што набргу ќе се покаже, тоа нема да биде последното таинствено тело пронајдено во Троја...
Оценки
Сѐ уште нема оценки.