Сакајте се себеси до совршено здравје
Како да си го збогатите животот со хранливите состојки што се потребни за здравје, среќа и долговечност.
Едноставен и моќен систем за лекување на телото, умот и душата.
За разлика од сето она што сте го прочитале досега за здравјето, оваа книга ги надминува помодарството и сите трендови и догми поврзани со исхраната, со умствената и физичката состојба на организмот. Таа е практичен и лесно применлив водич што ќе ви покаже како да ги подигнете на повисоко ниво своето здравје, расположението и животната енергија, и да постигнете долговечност. Ви ги објаснува тајните на позитивното мислење и воспоставувањето рамнотежа меѓу умот и телото. Зборува за древната исцелувачка мудрост која ќе ви се вклопи во набиениот секојдневен распоред преполн со обврски. Ви дава едноставни рецепти и ви открива што значи здрава храна, решавајќи ги забуните за делотворноста на диетите. Сакајте се себе до совршено здравје ве учи да го сакате своето тело и да ги слушате неговите пораки. Зашто здравјето започнува со нашите мисли.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.