Домот во кој…
Автор:
Маријам Петросјан
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Дом в котором… |
Бр. на страни:
848 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
мека
Едно момче ќе биде одведено во дом за деца со посебни потреби. Наеднаш пред него ќе се отвори сосем нов свет со сопствени ликови и со правила на однесување, толку различни од „обичниот“ свет. Децата се доведени таму од своите родители и заборавени. Сепак, нивната детска фантазија и игри не може никој да им ги одземе. Сите тие имаат впечатливи прекари и карактери. Не сме сигурни дали Лорд навистина потекнува од благородничко семејство, но Слепиот навистина е слеп, а Сфинга е мудар. Тутунот не е лошо дете, но сака да заработи на туѓа сметка. А тука е и таинствената појава на детето со име Македонски.
Домот е многу повеќе од дом за деца со посебни потреби, тоа е еден засебен универзум, а штитениците на домот не се лица со посебни потреби – не, тоа се лица со посебни можности!
„Петросјан им докажува на читателите дека постои магија во нивните животи“.
Експерт
2 оценки за Домот во кој…
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
в в (верификуван корисник) –