Современи комуникациски системи со употреба на MATLAB
Целта на оваа книга е да послужи како придружник или додаток на современите учебници за комуникациски системи. Во книгата се дадени разни вежби што можат да се решат на компјутер (општо земено, доволно е и персонален компјутер) преку употреба на популарното образовно издание на MATLAB. Нашата намера е оваа книга примарно да се употребува од студенти од погорните години на додипломски студии и дипломирани студенти од областите електрично инженерство, компјутерско инженерство и компјутерски науки. Оваа книга може да се покаже корисна и за применетите инженери што сакаат да научат одредени MATLAB примени за комуникациските системи. Претпоставуваме дека читателот е запознаен со основите на MATLAB. Тука нема да ги покриеме овие теми, бидејќи достапни се неколку прирачници и учебници за MATLAB.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.