Војна на световите
Автор:
Херберт Џорџ Велс
Издавач:
ПНВ Публикации |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Војна на световите |
Бр. на страни:
158 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Ова е „прабабата“ на сите приказни за инвазија од вонземјани, објавена за првпат од Х.Џ.Велс во 1898 г. Романот почнува мрачно. Гласот на нараторот на читателот му вели: „Никој не би поверувал дека во последните години на XIX век, овој свет ќе биде внимателно и будно набљудуван од интелигенции поголеми од човечката...“ Нештата потоа, се развиваат од серија навидум здодевни извештаи за чудните атмосферски пречки што се појавуваат на Марс, до доаѓањето на Марсовците во предградијата на Лондон. На почетокот, Марсовците изгледаат смешно, мачејќи се да се движат при релативно тешката гравитација на Земјата, едвај подигајќи се од јамата што нивното вселенско летало ја создаде при слетувањето. Но наскоро, Марсовците ја разоткриваат својата вистинска природа како огромни убиствени машини. Велс брзо ја пренесува приказната од селото до евакуацијата на Лондон и губењето на надежта со секој нареден пораз на англиската војска. Нараторот, потоа, ги раскажува тие ужасни цицања крв од живи луѓе, откривајќи ја целта на оваа инвазија. Човештвото сѐ уште не умееше да лета, кога Х.Г. Велс ја зачна оваа приказна за марсовскиот напад врз Англија. Гигантските цилиндри паѓаат на Земјата, исфрлаат огромни, вонземски суштества, вооружени со топлински зраци и имајќи ја предвид безумната разурна моќ на овие воени машини, се чини дека крајот на светот е веќе тука.
Questions and Answers
You are not logged in