Поезија (избор) Стефан Маларме

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Oeuvres complètes | Бр. на страни: 162 | Димензии: 135х200 | Корица: /

Стефан Маларме (1842-1898) е од ковот на оние автори, a меѓу нив можеби и најизразитиот, што не го прифаќаат ставот дека уметниците се инструмент на музите. Пишувајќи со свест за тоа што значи да се пишува, неуморно преработувајќи ги своите дела сè до смртта, Малармеовата мисија е осмислување и практикување на една поетика што ќе го автономизира поетскиот израз и ќе ја истражува независноста на поетскиот медиум. Речиси природно, императив на таа поетика станува создавањето на чиста поезија со идеал во Апсолутната Убавина.

Оттука е разбирливо што раната поезија на Маларме е под влијание на Бодлер и во дослух со симболистичката практика, но во најдобрите песни и од овој период веќе се насетува студениот плач на еден нов поетски јазик, уште подлабоко заинтересиран за звукот и звуковните игри, за симболите и отсуството на дофатлива референтност. Како што минува времето, Маларме не само што станува сè похерметичен и сè помалку допадлив на пошироката книжевно-критичка јавност туку и сè повеќе си зема слобода на план на синтаксата и интерпункцијата, крунисувајќи ги низата експерименти во своето последно дело, „Фрлените коцки не го укинуваат случајот“, тешко преводлива и сè уште непробивна смеса на слободен стих и необична типографија што не само што ја антиципира визуелна поезија туку и го озаконува модернистичкиот уметнички амандман на „новото“.

Со името на Маларме во светската поезија се инаугурира синтагмата „тежок поет“. По симфониската поема на Клод Дебиси инспирирана од „Попладнето на еден Фаун“ и нејзината пренамена како предлошка за скандалозната кореографија на Вацлав Нижински во истонасловената балетска претстава, низ многубројните апотеози на Пол Валери и низ одекот на Елиотовиот диктум дека современата поезија и треба да биде „тешка“, името на Маларме добива мистична аура на Предвесник, на Учител, на архетипскиот Поет за поетите.


Цена: 200 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Поезија (избор) Стефан Маларме

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-263-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Поезија (избор) Стефан Маларме”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in