Поезија (избор) Роберт Фрост

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Poetry | Бр. на страни: 102 | Димензии: 135х200 | Корица: /

На Роберт Фрост му припаѓа едно од најистакнатите места во историјата на американската литература: тој е бездруго еден од незапрашаните корифеи на поетскиот збор во САД на XX век, а десетината негови стихозбирки издадени низ нерамномерни интервали во тек на точно половина век – од 1913 па сè до 1963 година – се неодминлив дел не само од сите антологии на светската поезија, туку и од кој и да е прирачник за книжевна историја. Популарен, читан и славен уште додека е жив, тој прв ја има честа да биде инаугуриран официјално како национален поет на Соединетите Американски Држави.

Атрибутот на голем поет Роберт Фрост го стекнува макотрпно и стоички, одвоен и оддалечен од вревата на големиот град, повлечен во самотијата на фармерскиот живот, каде низ најнепосреден допир со природата и луѓето што ѝ останале приврзани ја пишува и препишува својата пантеистички интонирана поезија, длабоко закотвена во американската цивилизација, но и вдахновена со ретка универзалност на исказот. Во време кога светот минува низ динамиката на стотиците книжевни „–изми“, Фрост останува верен на традиционалниот стих. Но зад привидната едноставност на изразот, тој е способен да ги истражи најактуелните и најкомплексни теми – докажувајќи дека ниту една форма не е застарена под перото на големите уметници.

Единствен четирикратен добитник на Пулицеровата награда, Роберт Фрост е еден од малкуте поети на XX век кој ужива еднаква почит и меѓу критичарите и меѓу обичните читатели – хетерогена и сè помалобројна група на која, несомнено, современата книжевност речиси целосно заборави.

Цена: 100 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Поезија (избор) Роберт Фрост

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-277-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Поезија (избор) Роберт Фрост”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in