Поезија – Сенгор

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: POÉSIE | Бр. на страни: 136 | Димензии: 135х200 | Корица: /

Леополд Седар Сенгор е сенегалски поет, политичар, културен теоретичар и исклучително популарен претседател на својата родна земја во двете децении меѓу 1960 и 1980 година. Прв Африканец избран за член на „Француската академија“, Сенгор е општопризнат како најзначајниот африкански интелектуалец на XX век.

Сенгоровата поезија е раскошна и вдахновена, алузивна и интимна – поради што го привлекува вниманието не само на експертите и критичарите туку и на најобичниот љубител на убавиот збор. Автор на чудесната „Црна жена“ – преку која, заедно со другите „Песни од темнината“ станува познат во целиот свет – Сенгор е препознатлив по своите расплинети витмановски стихови низ кои оживуваат дивите убавини на црниот континент, легендите и верувањата, обичаите и сензибилитетот на живите современици и одамна умрените прародители од неговиот роден крај. Еден двојно маргинализиран духовен свет пред нашите очи израснува во свет со универзални димензии и универзално значење, во близок и достапен поетски универзум.

Отфрлајќи ги сите егзотично-туристички белези што го прават за многумина привлечен и атрактивен, а стремејќи се да ги открие внатрешните својства и состојби, Сенгор успева да ни даде една лична поетска визија на духовните бранувања и вредности на црниот континент, растреперен од живи бои и светлини, необични шумови и крикови во шумите и саваните, длабоки и неуморни удари на срцето и крвта. Само поети како што е Сенгор можат да се нурнат во неизмерните длабини на душата и духовниот свет на својот роден крај и од него да излезат со пораки за човештвото.

Цена: 150 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Поезија – Сенгор

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-239-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Поезија – Сенгор”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in