Книга за Бланш и Мари
Автор:
Пер Улов Енквист
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Boken om Blanche och Marie |
Бр. на страни:
240 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
/
Кратко време пред Марија Кири да стане првата жена добитничка на две Нобелови награди, една од асистентките во нејзината лабораторија, Бланш Витман, преживеала три ампутации, ги изгубила левата рака и двете нозе поради радиоактивните материјали на кои била изложена. Бланш само што се вратила кај Мари од болницата „Салпетриер“, каде што своевремено била буквално пациент ѕвезда. Бланш била „кралица на хистеријата“, една од жените што биле бесплатно прегледувани од страна на познатиот доктор Шарко. Тој предизвикувал кај нив напади на грчење со притискање на одредени места на телото – за што, се разбира, имал одредена шема. Потребата да го притисне, на пример, грлото на матката објаснува зошто жените морале да бидат разголувани. Сите ги доживувале овие смотри на хистеријата, кои биле колку насилни толку и запрепастувачки креативни, мошне сериозно, дури и тогашниот асистент на Шарко, младиот Зигмунд Фројд.Ова е навистина моќна приказна, можеби мислите дека е доволна да се напише најмалку една книга – но Енквист оди понатаму, преку Бланш, како врховна жртва, го воведува ликот на Марија Кири, која всушност најмногу и го интересира.„Ова е историја на интелектот осветлена од молњата на експресионизмот“.Индепендент
Questions and Answers
You are not logged in