Земјотрес, 5:17
Најновиот роман на Плавевски се однесува за потресната катаклизма на Скопје на 26 јули 1963 година.
Плавевски гради динамична и драматична приказна, сугестивно и сликовито ги опишува катастрофата, ужасот, траорот, животните премрежиња и страдањата на скопјани во земјотресот. Фикцијата на приказната се потпира врз многу веродостојни факти и документи, но и фактот што авторот е роден скопјанец и директен сведок на многу од опишаните настани сега преточени во уметничка проза – ја прават уште поуверлива приказната за Скопје во деновите пред и по земјотресот.
Романот е посветен на трагични теми од историјата на градот, но во сите тие мачни, мрачни и тегобни сцени, слики и епизоди, најдолго се провлекува една љубовна приказна. Токму таа приказна е нишката која ги поврзува сите епизоди на ова дело.
1 оценка за Земјотрес, 5:17
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –