Градски писма
Автор:
Ахмет Расим
Издавач:
Алманах |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
Şehir Mektupları |
Бр. на страни:
177 |
Димензии:
20,5х13,5
|
Корица:
мека
Ахмет Расим бил турски поет, писател, новинар, преведувач и политичар од втората половина на 19 век. Напишал околу 140 дела меѓу кои романи, раскази, мемоари, статии, анегдоти, биографии, писма и историски книги. Делото „Градски писма“ е составено од кратки статии и анегдоти кои писателот Ахмет Расим при крајот на 19 век ги објавувал во весникот „Информатор“ и претставува прв пример на „градска хроника“ во турската литература. Расим во овие текстови го пренесува духот на Истанбул од времето во кое живеел. Со око на вешт новинар и поет, преку чист и едноставен јазик, тој гo опишува животот на Истанбул во неговите сокаци и пазари, во новинарските кругови, во местата за забава и другите собиралишта на велеградот. Во своите статии, раскази и мемоари тој во детали ги опишувал луѓето од сите општествени слоеви, нивниот начин на живот, обичаите и традицијата. Пишувал на колоквијален јазик користејќи го истанбулскиот говор, проткаен со нота на хумор и критика кои провејуваат и во „Градските писма“. Во нив особено до израз доаѓа способноста на Расим за набљудување и забележување на различни настани, појави и карактери. Со таквиот начин на пишување Расим создал свој препознатлив стил кој во неговите „писма“ го претставува него не само како раскажувач туку и како соговорник на читателот.
Questions and Answers
You are not logged in