Прилог кон конфронтативна граматика на македонскиот и полскиот јазик
Предмет на овој научен труд е конфронтативното проучување на граматикализираните морфолошки појави во полскиот наспрема македонскиот јазик. Под терминот „граматикализација“ се подразбира регуларно појавување на морфосинтаксичките експоненти на одредена граматичка категорија. Значи, овој труд ја разгледува граматикализацијата како процес при кој одредени лексемски единици и конструкции добиваат граматички функции во одредени јазични контексти. Граматикализацијата, со која се занимава овој труд, го засега прашањето на границите помеѓу категориите, и во кој степен се развила зависност меѓу нивната структура и примена и колку се тие потврдени или непотврдени како граматички категории во јазикот. Граматикализацијата како актуелен процес претставува примарен феномен на дискурсот, кој треба да се разгледува од гледна точка на регуларноста на одредени семантички и морфосинтаксички јазични појави.
Лидија Танушевска
Оценки
Сѐ уште нема оценки.