Некои бладања од војната

Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 111 | Димензии: 20 | Корица: мека

„Прозниот првенец на Митко Апостолов, насловен Некои бладања од војната, пишуван во манирот на постмо-
дерниот, прозен, експериментален формат – претставен како лавиринт изграден од имиња во кој демне гласот на авторот, наместо Минотаурот – пред читателот носи исклучително свежа книга со која се најавува сериозен автор на најновата македонска авторска генерација.
Некои бладања од војната е формат книга која е наменета за оној тип читатели – сладокусци кои уживаат со-фистицирано зачинети книги во кои можат да најдат слики од своето секојдневие, слики чија вистинитост е возможна само во мигот во кој се родиле и како такви се заглавени во времето. Можеби е најдобро да се каже дека Апостолов создал албум со фотографии под кои напишал куси легенди, налик на она бележење на фотографиите со датуми, непознати имиња и уште понепознати или добропознати места.
Доколку сте ваков тип колекционер на нечии сеќавања, тогаш книгата на Митко Апостолов е напишана само
за вас. Доколку не сте, ви препорачувам да влезете во неговиот интимен албум и детективски да го истражите. Има што да се најде.“
Сашо Димоски, писател
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 299 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Некои бладања од војната


ИСБН: 978-9989-32-913-5

1 оценка за Некои бладања од војната

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in