Два света

Издавач: Матица Mакедонска | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Два света | Бр. на страни: 2018 | Димензии: / | Корица: мека

Џелалудин Мохамед Руми (1207-1273). Персиски филозоф, поет, правник, учител и суфист. Еден од најголемите поети и мислители на сите времиња. Ремек-делото на Руми, „Месневија“, содржи 25 000 стихови. Тој не ја пишувал книгава туку последните 15 години од животот само беседел и рецитирал, а Хусамедин Челеби ги запишувал неговите зборови. Оваа поетска збирка според многумина спаѓа во редот на најголемите авторски и духовни дела во историјата на човештвото. Наречена е уште и „Персиски коран“. Во стиховите на Месневија, Руми ги допира сите аспекти на човековиот живот на земјата, сиот спектар на можни ситуации, чувства, вознеси, паѓања, мисли, страсти, согледувања... ги доловува сите можни финеси на богатите и разнообразни човечки карактери и темпераменти. Кај него се отсликани секакви личности и нарави, од најгруби и најпрости, преку обични, до најпрефинети и најдлабоки природи. Не постои тема што му е туѓа, од најприземна до највозвишена; пишува за пријателството, убавината, зависта, фалбаџиството, скромноста, лицемерието, омразата, добрината, самобендисаноста, храброста, расипаноста, потребата од смисла, музиката, природата, пролетта, вистината, животните, растенијата, птиците, љубовта и смртта... кај него наоѓаме стихови за Христос, Јосиф, Соломон, Гавриил, Мухамед... Верник е, но воедно и надвор од сите вери, вон секоја ритуализирана и јалова вероисповед. Храмот на неговиот Бог е во срцето, не е во зградата на џамијата, црквата или синагогата. Неговата тема всушност е самиот живот, со сите негови противречности, во сета негова разновидност и изобилие. Токму таквото пишување за вечните прашања и за внатрешниот живот на човекот прави тој да биде еден од ретките чиишто дела не губат од својата суштина и актуелност со минувањето на вековите. И во денешниов свет, цели 811 години по неговото раѓање, Руми веројатно е најчитаниот поет на Земјината топка.

Цена: 800 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Матица

Report an abuse for product Два света

Категорија:
ИСБН: 978-608-10-0625-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Два света”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in