Матицата во пчелната заедница
Автор:
Трајче Манев
Издавач:
Трајче Манев |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Матицата во пчелната заедница |
Бр. на страни:
582 |
Димензии:
/
|
Корица:
тврда
Во книгава што ја нудиме на читателите, се обработува едно мошне значајно и сè повеќе актуелно прашање од областа на пчеларството во Македонија, а тоа е матицата. Скоро во секоја стручна литература каде се говори за пчелната заедница, соодветно место наоѓа и матицата, но тоа е најчесто воопштено и недоволно. Токму затоа, главниот акцент во книгава е ставен врз матицата, како најважната индивидуа во пчелната заедница. Но, независно од таквиот пристап, не се изоставени да се прикажат ниту останатите членови од заедницата, односно нивните допирни точки со матицата. Содржините во оваа книга ќе не доближат и до многу други сознанија за пчелите, како што се: животните услови кои се неопходни за нивниот опстанок, развојот на заедницата, нејзината репродукција и сл. Но несомнено, крајната цел на ваквите запознавања се, да се разоткрие онтогенетскиот развој на матицата кое, на своевиден начин, ќе не подучува како да ги спроведеме постапките при одгледувањето на матиците по вештачки пат, што е и основната цел на овој труд. Книгава, дава можност широк круг на читатели - љубители на пчелите, ученици и студенти од соодветни школи и факултети, пчелари аматери и професионалци вклучени во пчеларството, да се запознаат или да ги проверат своите познавања од доменот на матицата. Покрај високостручната област - одгледување на квалитетни матици, содржините во книгава даваат можност да се запознаат и други постапки и операции кои се спроведуваат при работата со пчелите.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.