Желки до бесконечност
Автор:
Џон Грин
Издавач:
Сакам Книги |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Turtles all the way down |
Бр. на страни:
250 |
Димензии:
/
|
Корица:
мека
Шеснаесетгодишната Аза нема желба и намера да изигрува детектив и да разоткрива мистерија за милијардер во бегство, но сепак има награда од сто илјади долари во игра и нејзината најдобра и најбестрашна пријателка, Дејзи, е желна за истражување. Па така заедно решаваат да пробаат да му се доближат на синот на исчезнатиот милијардер Расел Пикет, Дејвид, кого Аза го знае од мала бидејќи заедно посетувале летен камп. И во кого патем била малку зацапана на времето… а можеби и уште е. Аза се труди. Таа се труди да биде добра ќерка, добра пријателка, добра ученичка, а можеби и добра детективка, но сето тоа ѝ го отежнува спиралата на нејзините хипохондрични мисли која сè повеќе се затега околу неа. Сака да може да мисли на љубов и забава како и секоја друга нормална тинејџерка, но таа знае дека не е сосема нормална. Ова е приказна за пријателството, семејството, љубовта и тежината на нашите сопствени мисли – и ова дефинитивно е најдлабоката книга на Грин досега. „Скршено му е срцето“, реков. „Да, па, зарем не ни е на сите?“
1 оценка за Желки до бесконечност
Questions and Answers
You are not logged in
biskovski18@gmail.com –
Со длабоките понирања во човечката психа, Грин ме воодушеви. Ја препорачувам книгава, ептен е добра, со јаки мисли и длабоки пораки – дури и за нијанса подобра од The fault in our stars 🙂