Конец
Автор:
Викторија Сиљаноска
Издавач:
Здружение за наука и култура НОВА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
Конец |
Бр. на страни:
64 |
Димензии:
/
|
Корица:
мека
Збирката е поделена на четири циклуси во кои всушност главната инспирација е љубовта со сите убави емоции кои ги носи, но и со сите перипетии, солзи и болки во нашите животи. Станува збор за песни пишувани во подолг временски период што значи стиховите претставуваат сведоци на едно растење. Ако се прашувате дали инспирацијата за нив е една личност, мора да се знае дека одговорот е негативен. Во збирката поезија “Конец” се опејува љубовта за која мечтаеме, љубовта која препознаваме дека е она што ни треба, но потребни ни се години да ја признаеме, љубовта која сме ја изгубиле и ни недостига и љубовта која сме сигурни дека е вистинската и дека таа е таа која покрај нас засекогаш останува. Сите тие случувања остануваат зашиени ко со конец за нашите срца, оставајќи си го својот простор таму обележан. Сетоа тоа со силни емоции е доловено во секоја песна. Читајќи ги стиховите на Сиљаноска, ја извлекуваме и поуката за најважното учење во нашите животи – способноста да сакаме како децата што сакаат, умеењето светот да го гледаме со очи на дете, токму затоа што само така ќе ја препознаеме убавината и магијата на секој нов ден и ќе ја вкусиме моќта на сегашниот миг. Низ стиховите во оваа збирка поезија, Викторија, одлично ни нагласува и колку е важно да не заборавиме да сме благодарни за секое ново утро затоа што нешто убаво постои секогаш само треба да го видиме.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.