Цинковите момчиња
„На кој јазик зборуваме со самите себеси, со другите? Ми се допаѓа јазикот на живиот говор, со ништо не е обременет, пуштен е на слобода. Во него сè е разиграно и весело – синтаксата, интонацијата, акцентите – па чувството може точно да се реконструира. Јас го следам чувството, а не настанот. Како се развивале нашите чувства, а не настаните. Можеби она што го правам прилега на работата на историчарот, но јас сум историчар на она што исчезнува без трага. Што се случува со големите настани? Тие се преселуваат во историјата, додека малите – но главни за малиот човек – исчезнуваат без трага. Денес едно момче (поради својата кревкост и болешливост, едвај личи на војник) раскажуваше колку е необично и истовремено занесно да се убива во група. И колку е страшно да се застрела некој.“
„Животот е незамисливо уметнички сам по себе и – колку и да звучи сурово – особено уметничко е човековото страдање. Темната страна на уметноста.“
„Оддавајќи ѝ признание на личната храброст на војниците и офицерите, испратени од Брежњевото раководство на КПСС да се борат во туѓа земја, која претходно ни беше пријателска, искрено споделувајќи ја болката на мајките чии синови загинале по авганистанските планини, писателката, воедно, во оваа книга бескомпромисно ги разобличува сите обиди да се хероизира и романтизира срамната авганистанска војна, ја развенчува лажната патетика и бомбастичниот патос.“
Од „Цинковите момчиња“
Questions and Answers
You are not logged in