Реторика: историски и современи аспекти
Издавач:
Арс Ламина |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Реторика: историски и современи аспекти |
Бр. на страни:
352 |
Димензии:
/
|
Корица:
тврда
Ова четиво е мултидисциплинарно каква што, впрочем, е и реторика- та. Таа од своите корени, па сè до денес ги окупира философите, литератите, правниците, политичарите, новинарите и сите оние што ја практикуваат ко- муникацијата во нивното секојдневие. Исто така, книгава е и плуралистичка, како и реториката. Во основата, таа смета дека вистината се наоѓа во средбата помеѓу двата збора – на оној што говори и на оној што слуша, а сака да говори. Им служи и на трети лица, би- дејќи подразбира дека, во секој случај, треба да се води сметка за верувањата и вредностите на сите кои се противници на изречената реч. Ова четиво може да се чита на различни начини и да се восприема раз- лично. Преку него можат да се добијат основните знаења за реториката како вештина и дисциплина, да се дознаат историските и современите аспекти на реториката, но и да се пронајдат практични совети како да се одржи еден до- бар говор, како да се учествува во дебата, како да се сфати намерата на про- тивникот во спорот и, на крај, како да се победи.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.