Внатрешни конфликти

Издавач: Ѓурѓа | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Our inner conflicts | Бр. на страни: 196 | Димензии: 20 | Корица: мека

Карен ХОРНАЈ (1885–1952) психоаналитичар и една од најзначајните критичари на Фројдовата психоанализа, а посебно на делот за женската сексуалност. Дала своја теорија за невроза поврзана со културата. Најважен поим поврзан со теоријата на Хорнај е базична анксиозност, а пишува и за невротичните потреби кои се појавуваат поради базичната анксиозност. Нејзиното творештво го сочинуваат делата: Невротичната личност на нашето време,Нови методи во психоанализата, Неврозата и човечкиот развој и др.

Овде Хорнај ги опишува различните типови на личности и на конфликти. Укажува на тоа дека поголемиот број луѓе поминуваат низ различен број конфликти и дека сите употребуваат различни одбранбени механизми во однесувањето и во справувањето со сопствените немири. Така, личноста може во една ситуација да биде питома, а во друга агресивна или повремено да се повлече од светот во тишина и во изолација. Хорнај дава акцент на тоа како личноста одлучува да побара помош кога клучните функции на животот се во опасност. Книга за смирување на внатрешните конфликти и за пронаоѓање на вашиот спокој!

Цена: 300 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Ѓурѓа

Report an abuse for product Внатрешни конфликти

Категорија:
ИСБН: 978-608-201-407-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Внатрешни конфликти”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in