КупиКнига.мк денес го доби сертификатот „Фер со потрошувачот“!
„Фер со потрошувачот“ е сертификат кој се доделува на компаниите кои имаат фер однос со потрошувачите, сакаат да ја стекнат нивната лојалност и да ја подобрат конкурентноста на домашниот и на странскиот пазар.
Вкупно 45 компании денеска го добија сертификатот „Фер со потрошувачот“ наменет за компании со јасно дефинирани правила за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, со фер пазарни практики и спогодбено решавање поплаки и спорови, компании кои ја штитат приватноста на потрошувачите и се грижат за влијанието на производите врз животната средина.
Сертификацијата на компаниите е финансирана од Европската Унија во рамки на проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“, што го спроведуваат Организацијата на потрошувачите (ОПМ), ЗБК Креација и Асоцијацијата Зенит.