Уметноста во теоријата : 1900-1990 : антологија на промената на идеите

Издавач: КСЦ/Полица | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Art in theory : 1900-1990 : an anthology of changing ideas | Бр. на страни: 1142 | Димензии: 24 | Корица: /

Откако беше објавена во 1992 година, оваа книга стана една од водечките антологии на теоретски текстови за уметноста во светот. Ова издание ги вклучува плодовите од неодамнешните истражувања, кои вклучуваат значителен обем на новопреведени материјали од целиот период, заедно со дополнителни текстови од последните децении на дваесеттиот век. Изданието обезбедува сеопфатна застапеност на теориите, кои ги поткрепуваат случувањата во визуелните уметности во текот на дваесеттиот век. Покрај написи од уметници, антологијата вклучува текстови од критичари, филозофи, политичари и книжевни личности. Содржината е јасно структурирана во осум хронолошки делови, почнувајќи од наследството на симболизмот и завршувајќи со современи дебати за постмодерната. Уредниците даваат поединечни воведи за секој од 340 антологизирани текстови. Материјалот вклучува и текстови за африканската уметност, за Баухаус и за авангардите што повторно се појавуваат во периодот по Втората светска војна. Постмодернистичките дебати се засилени со текстови за родот, за инсталациите и за изведбената уметност, но и за растечката глобализација на културата.

Цена: 999 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Уметноста во теоријата : 1900-1990 : антологија на промената на идеите

Категории: ,
ИСБН: 978-608-4850-11-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Уметноста во теоријата : 1900-1990 : антологија на промената на идеите”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in