(Хоро)скопски шеми
Автор:
Љубомир Грбевски
Издавач:
Дирекција за култура и уметност |
Јазик:
Македонски |
Година:
2009
Оригинален наслов:
(Хоро)скопски шеми : (песни и пиеси-уличарки за некогашните тинејџери со пејџери и сегашните билки со мобилки) |
Бр. на страни:
171 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Книга во два дела – лев и десен. Во првиот се песни, а во вториот бајковидни драмски текстови за деца и млади... Или како што авторот интимно ги доживува: песни и пиеси – „уличарки“! Воопшто не е лесно во себе да се пронајде логиката на детското и тинејџерското размислување, она што повеќето од нас, се чини, трајно го имаат загубено. Ова е исклучитено лизгав терен... Но, авторот не само што успешно се справува со овој предизвик, туку оди и подалеку. Тој не го поставува во преден план сопственото тинејџерско искуство, како што тоа обично го прават авторите во оваа област, туку се идентификува со сегашните тинејџери. Авторот суверено го владее нивниот речник, нивните преокупации, па, ако сакате, и нивните проблеми. Просто е изненадувачки колку успешно се идентификува со сегашната младост. Посебен аспект е тематската преокупација на авторот. Песните го имаат оној градски шмек, толку редок во нашата литература. Песните како и стихуваните бајки, ако може така да се каже, се своевиден прирачник за урбаното живеење. Тие се „питки“, пишувани во релативно прецизна и приемчива метрика, лесни за читање, а сепак ја разгоруваат фантазијата на младиот читател.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.