Скршнувања
Автор:
Емануел Рембер
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Détours |
Бр. на страни:
258 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
/
Македонски хроники 2017 – 2020, француско-македонско издание) Оваа книга е збирка хроники објавени во списанијата Космо, Економија и бизнис и Портрет, за кои Емануел Рембер, директор на Францускиот институт во Скопје, секој месец пишува текстови. Опсегот на теми што ги опфаќа Рембер е широк, а ги вклучува Охрид, Пелистер, Париз, Лондон, Ливерпул. Авторот оди на гости кај писатели, им пишува писма на своите деца, навечер длабоко размислува, преку ден кратко медитира, ужива во виното и запознава еден месар во Крушево. И додека во својата последна книга Во Лотарингија Рембер раскажува за патувањето по стапките на еден белгиски писател, Скршнувања е огледало на новите патешествија во Северна Македонија. Емануел Рембер го интересира апсолутно сè. Пишувањето и љубопитноста постојано го следат во животот, особено кога, обесхрабрен од модерните текови, ќе се најде седнат на некоја карпа со сино пенкало и бел лист во раката.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.