Бароновиот завет – Д. 1

Издавач: Драги Трајков | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Бароновиот завет. Д. 1 | Бр. на страни: 183 | Димензии: 21 | Корица: мека

Историски роман, со наративни ефекти од воени, љубовни и духовни страданија, низ важни собитија и личности на Европа - од Екатерина Велика и Марија Терезија, па до Бонапарта и Романови. Се нижат и имиња како на Клаузевиц, Радецки, Ротшилд, но и на Македонци за кои кај нас не е баш пишувано, а оставиле белег по земјите каде се нашле. Романот е сплет од настани, и ликови околу главниот - Константин фон Белио -„Македонецот", вивнат на сцената како голем банкар и барон, а стасувајќи како бегалец од Македонија (Костурско) во Виена, каде и денес му се наоѓа гробот. Од љубов кон родната Македонија, нејното име го зема до своето, а остава и богато завештание, (од што и името на романот). Иако романот е историски, пулсира со живост, крева и емоции на љубов, радост и таги, а изобилува и со духовни поуки; со псохолошки размисли, и животни филозофии. Ако ова е првиот дел, кој повеќе е „костур" на приказната, вистинските заплети и расплети следуваат во останатите два дела кои циклично одгатнуваат и загатнуваат нови „откровенија", (романот е трилогија).Тој покренува видици и размисли, важни за ова време и нас како народ.
Рангирано 5.00 од 5 според 2 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 280 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач КупиКнига

Report an abuse for product Бароновиот завет – Д. 1

Категории: ,
ИСБН: 978-608-66455-0-2

2 оценки за Бароновиот завет – Д. 1

  1. Rated 5 out of 5

    Goran

    Konecno se pojavi fantasticen roman kojsto nedostasuvase na nasiot pazar.Istorijski roman so vistinski nastani, licnosti i slucuvanja za koisto ne ni znaevme deka postoele nekogas na nasite prostori. Slucuvanjata od 18 vek koisto se preslikuvaat i deneska.So netrpenie gi ocekuvam prodolzenijata. Inaku mozam so sigurnost da kazam deka go imame zanrot sto go obozavam.

  2. Rated 5 out of 5

    Göransson

    Prekrasen roman od zanr kojsto nedostasuvase kaj nas,koj dolgo go barav na nasiot pazar…vistinski istoriski slucuvanja vo period sto e najmalku istrazuvan kaj nas 18 i 19 vek. Istite slucuvanja i sudbini gi imame i denes …
    So netrpenie go ocekuvam prodolzenieto.

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in