За македонскиот XIX век : радио-интервјуа со Славчо Ковилоски

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: За македонскиот XIX век : радио-интервјуа со Славчо Ковилоски | Бр. на страни: 178 | Димензии: 21 | Корица: /

Книгата „За македонскиот XIX век“ содржи девет обемни авторизирани интервјуа со д-р Славчо Ковилоски, водени од новинарот на Македонското радио Сето Стаменов во рамките на програмата „Актуелно“, на теми поврзани со македонската книжевност и култура и, воопшто, со состојбите во Македонија од овој период. Темите на интервјуата се разновидни и, меѓу другото, се однесуваат на Крсте Петков Мисирков и неговото место во македонската историја, на почетоците на македонската книжевност во XIX век, на македонското фолклорно творештво, на животот и положбата на македонските жени во градовите и во селата, на спецификите на македонското јазично прашање во XIX век, на Македонија како „јаболко на раздорот“, на продорот на западноевропските влијанија, на црковното прашање и обновата на Охридската архиепископија, на Григор Прличев, на филолошкиот профил на Блаже Конески, на стандардизацијата на македонскиот јазик, развојот, негувањето и афирмацијата на македонскиот литературен јазик итн. Стаменов и Ковилоски во своите темелни и детални дијалози се обидуваат да дадат покомплексен и што покомплетен преглед на овој специфичен и значаен период од македонската културна и национална историја. Славчо Ковилоски (1978) е научен истражувач во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“ во Скопје и во последниот период е еден од најактивните помлади македонски книжевни историчари, критичари и автори. Добитник е и на државната награда за наука „Гоце Делчев“ и на наградата за поема „Григор Прличев“. Тој е автор на повеќе белетристички и научни дела од областа на книжевната историја, историјата и културологијата. Свето Стаменов (1960) е автор на повеќе публицистички дела, кои се резултат на неговата повеќегодишна работа како новинар на Македонското радио.

Цена: 300 ден

0 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product За македонскиот XIX век : радио-интервјуа со Славчо Ковилоски

Категорија:
ИСБН: За македонскиот XIX век : радио-интервјуа со Славчо Ковилоски

Questions and Answers

You are not logged in