29%
Родовите прашања во маркетинг теоријата и практиката: СЕКСУАЛНИОТ АПЕЛ ПРОДАВА
Автор:
Ивона Михајлова
,
Саит Алеиви
Издавач:
Ивона Михајлова |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Родовите прашања во маркетинг теоријата и практиката: СЕКСУАЛНИОТ АПЕЛ ПРОДАВА |
Бр. на страни:
145 |
Димензии:
24
|
Корица:
мека
Во книгата се елаборирани проблемите со коишто се соочиле жените за да станат родово еднакви и спротивни/контрадикторни на сите традиционални и модерни табуа. Особено се нагласени контраиндикациите со фокус на искористувањето на сексуалниот апел во рекламните пораки (од суптилно откривање на делови на женското тело до нагласен еротицизам) при што анализирајќи повеќе од 6.000 реклами дојдено е до резултатот дека маркетарите ја пренагласуваат физичката привлечност на женското/машкото тело за да поттикнат кај потрошувачите идентификација, зголемување на самодовербата и подобра претстава за себе. Имено, во културата на потрошувачкото општество и се поголемата визуелизација на маркетинг индустријата, креирањето на претставата за производот длабоко е испреплетена со креирање на претстава за другиот како објект, наместо субјект. -> Ја препорачуваме оваа книга бидејќи од неа ќе научите како да донесете одлука за купување без да паднете во мамките на продавачите кои продаваат неетички. -> Ја препорачуваме оваа книга бидејќи од неа ќе ги научите сите техники кои ги користат продавачите за да ви продадат производ којшто не ви е потребен. -> Ја препорачуваме оваа книга бидејќи од неа ќе научите какви техники користат продавачите за во вас да поттикнат нереална идентификација со моделите од рекламите. -> Ја препорачуваме оваа книга бидејќи од неа ќе научите како современите продавачи ја манипулираат вашата самодоверба.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.