Интегрирани кола од аспект на дизајнирањето
Издавач:
Датапонс |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Digital Integrated Circuits: A Design Perspective |
Бр. на страни:
808 |
Димензии:
170х235
|
Корица:
/
Од објавувањето на првото издание на оваа книга во 1996 година, технологијата за производство на CMOS-кола продолжи со нејзиното зачудувачко темпо на намалување до се помали димензии. Сега минималните карактеристични димензии навлегуваат во подрачјето на 100nm. Колата стануваат се посложени и претставуваат предизвик за продуктивноста на дизајнерите, а нурнувањето во просторот на длабоко подмикронските димензии, предивикува елементите да се однесуваат различно и во прв план исфрла редица нови прашања кои влијаат врз цената, брзинските перформанси, потрошувачката на моќност и работната сигурност на дигиталните интегрирани кола. Овој ажуриран текст ја отсликува тековната (р)еволуција во светот на дизајнот на дигиталните интегрирани кола, којашто е предизвикана со навлегувањето во подрачјето на длабоко подмикронските димензии. Ова значи зголемена важност на транзисторските ефекти во длабоко подмикронското подрачје, на меѓуповрзувањето, на интегритетот на сигналите, на дизајнирањето за високи перформанси и мала потрошувачка, на тајмингот и дистрибуцијата на тактот. За разлика од првото издание, актуелниов текст целосно се фокусира на интегрираните CMOS-кола. За повеќе информации, пишете на publishing@datapons.com.mk
Questions and Answers
You are not logged in